Заклучно со 20 декември вкупно се пријавени 78.432 случаи на ковид-19. Од нив 40.048 се машки и 38.384 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 3.863,7/100.000, додека кај женските 3.717,0/100.000, се наведува во Извештајот на Институтот за јавно здравје.
Според него од почетокот на коронакризата, во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,0 отсто), кашлица (40,4 отсто), малаксаност (40,3 отсто), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,1 отсто), главоболка (22,2 готсто), мускулна болка (18,2 отсто), болка во грло (14,9 отсто), треска (13,7 отсто) и отежнато дишење (10,1 отсто).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (59.893; 76,4%), кај 14.063 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од истражените 59.893 случаи 385 или 0,6 отсто се случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи.
Регистрирани се 2.954 или 5,0 отсто случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 18.208 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 12.463 лица имаат кардиоваскуларна болест, 4.693 дијабет, 2.525 се со хронична белодробна болест и 3.361 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.093 (62,6%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 2.314 смртни случаи. Од нив 1.460 смртни случаи се лица од машки пол и 854 се лица од женски пол.
Од починатите, кај 1.656 или 71,6 отсто од нив се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (1.278), дијабет (587) и белодробна болест (262). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 21 смртни случаи кај здравствени работници. 144 (6,2 отсто) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.170 (93,8 отсто) починале за време на хоспитализација.
Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година кога починале 40 луѓе од ковид-19.
Од 15.02-13.12.2020 тестирани се вкупно 381.207 материјали (детектирани 78.432 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест.
Со ова во земјава се направени 184.232 тестови на 1.000.000 жители.
Според оценката на ИЈЗ, земјава е во фаза 4 односно широко-распространета трансмисија на вирусот во заедницата.