На турскиот потпретседател Фуат Октај му се слошило поради низок крвен притисок додека држел говор, што се пренесувал во живо на националните телевизии.
Фуат Октај зборувал на самитот посветен на сајбер безбедноста во претседателскиот комплекс во Анкара. Во еден момент, на сред обраќањето, тој престанал да зборува.
Неговиот личен телохранител дошол кај него, бидејќи било очигледно дека Октај не може да ги мрдне рацете и главата.
Октај потоа бил испратен во амбулантата во рамките на претседателскиот комплекс, а лекарите рекле дека неговиот крвен притисок паднал толку многу што предизвикал поспаност и замор.
Откако бил згрижен во Брзата помош, Октај се врати во салата каде што се одржувал самитот и ги поздравил присутните.
„Ви благодарам за разбирањето. Судејќи според она што го кажаа лекарите, тоа беше мала слабост поради несоница и замор“, рекол Октај и го продолжил говорот.
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay, katıldığı siber güvenlik etkinliğinde yaptığı konuşma sırasında fenalaşarak konuşmasını yarım bıraktı.
Umuyoruz ciddi bir sıkıntı yoktur. #FuatOktay pic.twitter.com/lPnXcfusk9
— Daktilock (@daktilock) December 21, 2020