Истакнатиот руски научник Александар Саша Кагански (45), кој работел на вакцината против коронавирусот, бил пронајден мртов со убодна рана кога паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.
Кагански бил во долна облека кога бил фрлен од прозорецот на својот стан на 14. кат, пренесува „Московски комсомолец“.
Научникот имал убодна рана на телото, соопшти полицијата, која верува дека избувнала тепачка пред Кагански да падне од зградата.
Неговото тело го пронашол сосед на улица, додаваат руските медиуми.
Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се испитува како можно убиство, а 45-годишен маж се испитува како потенцијален осомничен.
Кагански, најпознат по својата работа за истражување на ракот, бил асистент професор во Владивосток и работел во Шкотска 13 години, додаваат медиумите.