Поранешната манекенка на Викторијас Сикрет, супермоделот Каролина Куркова со фотосесија за “Гламур“ на која е сосема гола ја објави својата трета бременост .
Таа откри дека оваа бременост е сосема поинаква од претходните две. Каролина вели дека сега има многу повеќе самодоверба.
“ Свесна сум за своето тело. Јас тоа го можам. Силна сум. Го носев, го доев и му дадов живот“ – појасни Куркова која во бракот со Арчи Друри има два сина, од 5 и 11 години.
Чешкиот супермодел вели дека пандемијата на коронавирусот и пружила прилика да се фокусира на тоа што е навистина важно.
“Се чувствувам многу благословено бидејќи по трет пат останав бремена по природен пат. Ова е најверојатно последен пат“ , додаде таа.