Една од најубавите тенисерки Марија Шарапова на социјалните мрежи објави дека се верила со англискиот милионер Александар Гилкес. Откако ја раскина веридбата со словенечкиот кошаркар Саши Вујачиќ, а беше во врска со бугарскиот тенисер Глигор Димитроба, убавата Русинка сега влезе во врска со милионер Гилкес.
“Фала што ме усреќи и кажа “да“. Се радувам што целиот живот ќе те сакам и ќе учам од тебе“ -напиша Гилкес, а Шарапова му одговори:
“Кажав “да“ уште првиот ден кога те запознав. Тоа беше наша мала тајна, зарем не? “.
Инаку, Александар Гилкес е роден во Лондон и потекнува од богато семејство. Студирал на престижни универзитети и се дружел со британскиот џет сет. Добри пријатели му се принцевите Вилијам и Хари.
Интересно е што Александaр е голем русофил. Одлично зборува руски јазик и голем љубител е на руската литература. Претходно, тој бил 13 години во брак со Американката Миша.