“МАЈКА МИ СЕКОЈ ДЕН ПЛАЧЕ КОГА ГО КРИТИКУВААТ ЗОКИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА“ – вели Вице Заев

by Тони Зографски

Во интервју за Слободен печат братот на премиерот Зоран Заев, Вице, меѓудругото зборува за односот на премиерот кон Бугарија. Вице вели дека премиерот е многу толерантен.

– Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија. Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат. Со потезите што ги прави и со Грција и со Бугарија ја става на ризик и сопствената и семејната кариера, но храбар е и тоа треба да се цени, вели братот на премиерот Зоран Заев.

Тој во интервјуто зборува и за хуманитарната работа со која се занимава неговото семејство, коментрајќи некои наводи дека семејството давало поткуп од хуманитарна пакети во време на предизборна кампања.

-Вице Заев откри дека негови фирми се Тотал инженеринг и Тотал електрик додека останатите Ева стајл, Тргопродукт (мајка фирма на Мамас), Еленица, финансиско друштво Пеон, брокерско друштво Пеон, и неколку оранжерии ги раководат останатите членови на семејството. Во разговорот има личлни детали за семејството, Заев вели дека сака да пешачи а дека најголема желба му е неговите деца да останат во Македонија и да ги продолжат бизнисите.

Додава и дека не се плаши од никого иако имало закани по социјалните мрежи.

-Сепак, нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки. За не читам што пишуваат за мене и брат ми на социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи, – вели Вице Заев.

останати вести