Ако издавате викендички на групи на луѓе за празниците, тогаш правите кривично дело и тоа така и ќе се третира, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на новата Влада
-Веќе се изготвени сите планови за засилени контроли. Тоа ќе го направиме веќе од нареднава недела и во текот на новогодишната ноќ, така што за полицијата ќе има многу работа, меѓутоа здравјето и животот на граѓаните мора да ни биде врвен приоритет. Полицијата ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот.
Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање како МВР ќе се справуавува со станоиздавачите и оние кои ќе издаваат викендици за прослава на божиќните и новогодишните празници.