Во време на пандемија на коронавирусот кога се забранети сите концерти и настапи, Панчо од ДНК почна да работи во еден скопски ресторан како пица мајстор. Вели дека ова му доаѓа како последица од немањето приходи за време на пандемијата. По три месеци обука за пица мајстор почнанал да работи во кујната.
„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи .
Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели.
За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач
Се гледаме во DKitchen“, напиша на својот профил на Фејсбук, Владимир Блажев од „ДНК“
Инаку, Со Панчо во пицеријата, како доставувач на пици работи и пејачот Огнен Здравковски.