Грузијката Тина Григалашвили (94) секое утро станува во 4 часот и оди на работа. Зема метла во рацете и ги чисти улиците на Тбилиси, бидејќи, како што вели, не сака да седи дома.
Иако некогаш предавала грузиски јазик во училиште, по заминувањето во пензија почнала да излегува на улица за да има некаква работа надвор од дома.
“Да бидам искрена, малку ми беше срам на почетокот. Дури напишав и песна: Ако ме видиш на улица, со метла во рака, немој да бидеш изненаден. Дојдоа нови патишта, ова сум јас сега, но се навикнав”, навела таа.
Како што додава, таа песна ја напишала за нејзините поранешни ученици, за да ги предупреди да не се шокираат кога ќе ја видат дека ги мете улиците.
“Додека можам, нема да седам дома. Никој не може да го промени тоа”, рекла оваа баба.