Елиз Орбан, нејзиниот сопруг и двегодишната ќерка биле исфрлени од авионот непосредно пред полетувањето, бидејќи ќеркичката Еделин не сакала да и се стави маска. Патувале од Колорадо до Њу Џерси.
-Само што не исфрлија од авионот, бидејќи нашата двегодишна ќерка не дозволи да и се стави маска на лицето, -рече Елиз додека го снимаше видеото, откако беше принудена да го напушти авионот со своето семејство.
Таа исто така изјави дека никогаш нема да им биде дозволено да ги користат услугите на авиокомпанијата од која биле протерани. Компанијата за „Daily Mail“ демантираше и соопшти дека на семејството не му е засекогаш забрането да лета со нивните авиони.
На видеото снимано од Елиз се гледа како стјуардесата се приближува до семејството Орбан, кои седат на своите места и им велат да ги земат своите работи и да го напуштат авионот.
Еделин беше видно вознемирена и не сакаше да ја стави маската. Двојката се обиде да објасни дека сториле сè за да ја натераат нивната ќеркича да ја стави маската, но дека таа одбила.
Сепак, на персоналот на авионот не им било гајле за тоа. Елиз, нејзиниот сопруг и ќерката морале да излезат од авионот. Нивниот багаж останал во авионот, како и седиштето за во автомобил на Еделина.
https://twitter.com/i/status/1337608659187032066