Познатиот српски пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ, кој со своите ставови од почетокот на пандемијата предизивикана од коронваирусот го привлекува вниманието на регионот и пошироко повторно ја разбранува јавноста овојпат со вакцинирањето кое е на прагот.
-Кога ќе им кажете на Русите, па и на Србите, дека практично два месеца не треба да пијат и да пушат, тоа ми личи на кампања. Јас секое утро консумирам по една чашка ракија после кафето. Во комбинација со слатко од дуња ова е мојот сигурен рецепт за имунитет. Не ми е баш јасно на кој начин алкохолот би го пореметил дејството на вакцината, досега немало такво предупредување за било која друга вакцина. Во литературата не успеав да пронајдам нешто на оваа тема, изјавил Несторовиќ.
Тој исто така зборуваше за една специфичност на ковид 19, бидејќи кај поголем број починати луѓе кои имаа корона причина за смртта беше згрутчување на крвта, а не пневмонијата.
-Сите истражувања велат дека причината е згрутчување на крвта, а не самиот ковид-19. Останува нејасно со кој механизам вирусот ја напаѓа крвта за да се коагулира. Знаеме дека поради тоа мора да се зема аспирин, а кај постарите луѓе аспирин треба да се зема секој ден и по завршувањето на оваа епидемија. Исто така аспиринот се користи за превенција од рак на дебело црево и за друг тип на превенција. Инаку околу 80 отсто од оние кои имаат позитивен тест немаат никакви симптом- објасни д-р Несторовиќ.