Eден од водечките современи српски економисти, Бранко Милановиќ на Твитер споделил мапа која покажува начин на кој ќе се дистрибуираат вакцини против коронавирус и која најдобро ја илустрира економската нееднаквост и нејзините последици.
Милановиќ е експерт во областа на дистрибуција на приходите и економската нееднаквост, а мапата што ја споделил покажува многу јасно дека најразвиените – и најбогатите – делови на светот прво ќе ја примат вакцината, додека помалку развиените и сигурно посиромашните ќе останат без вакцината уште долго време.
Богатите, како што веќе многумина констатирале, ги разграбале вакцините.
Како што DW објави, целиот свет е во исто тенџере, кога станува збор за пандемијата. Но, кога станува збор за набавката на вакцини, богатите западни земји купуваат колку што можат повеќе. Поддршката за сиромашните е недоволна. Девет од 10. лица во 70 сиромашни земји нема да земат вакцина против коронавирус следната година затоа што западните земји ги разграбаа.
Фактите зборуваат спротивно од убавите зборови што се слушнаа за лансирање на глобалната платформа Ковакс, каде под водство на Светската здравствена организација (СЗО) беа собрани 186. земји кои треба да учествуваат во фер дистрибуција на вакцините.
Додека во Велика Британија веќе започнаа првите вакцинации против корона, Алијансата за народни вакцини предупредува дека поради договорите што богатите земји ги постигнале со производителите на вакцини, сиромашните ќе останат на милост и немилост на коронавирусот. Богатите земји, каде што живеат 14% од светската популација, обезбедиле 53% од вакцините, кои се сметаат за најефикасни.