Медицинската сестра Бренда Волејт од Њујорк добила отказ после повеќемесечна деноноќна работа во една ковид амбуланта во центарот на градот. Отказот го добила откако на социјалните мрежи се појавила нејзина компромитирачка фотографија.
Бренда била дел од тимот медицински работници кои од март „гинел“ работејќи 24 часа на ден со пациенти заразени со корона. Посветена работела во болницата, спасувајќи животи. Но кога работите малку стивнале и во Њујорк опаднал бројот на заразени, Бренда ја завршувала смената на работа и во соблекувалната се шегувала со колешка која и рела дека и покрај напорната работа, недостатокот на слободно време и сон, успеале да го задржат убавиот и секси изглед. Бренда тогаш шегувајќи се ја кренала маицата, за да покаже дека уште е привлечна. Во преден план се нашле нејзините гради, а фотографијата на Инстаграм се нашла со коментар: Уште се живи и здрави.
Ниту помислила дека заради оваа фотографија после 48 часа ќе биде повикана на разговор во управата на болницата каде и било соопштено дека на неа веќе не сметаат.
Бесна ја напуштила болницата со порака:
„Дали ми е ова фала за се што правев во последните месеци и што својот живот го отпишав за да зачувам туѓи. Срам да ви е!“
Сепак, не останала на улица, после само една недела се вработила во болницата во Њу Џерси.