Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, денес ги „израдува“ граѓаните на ЕУ и неговата земја, велејќи им дека епидемиолошките мерки ќе бидат во сила до летото, бидејќи вакцинирањето на целото население нема да биде можно пред јуни. Ако тоа важи за ЕУ, тогаш на што да се надева Македонија?
Дописникот на „Вечерњи лист“ од Брисел, Томислав Краснец, рече дека Јанша изјавил дека ЕУ се согласила сите земји-членки да ја добијат вакцината против коронавирус на „Фајзер“ во ист ден и дека во иста недела да започнат со вакцинација.
Јанша додаде дека до јуни „најверојатно нема да може да се вакцинира целото население и затоа епидемиолошките мерки ќе останат на сила до средината на летото“.
Словенечкиот премиер исто така процени дека најмалку 70% од населението во ЕУ треба да се имунизира за да се врати на „нормалниот живот“.
Инаку, поради скокот на бројот на заразени и починати, во Словенија се во сила строги епидемиолошки мерки, вклучително и полициски час во текот на ноќта, забрана за движење меѓу општините, а вчера беа најавени нови, дури и построги мерки.