22-годишна бремена девојка од Скопје ја загуби битката со Ковид-19. Најмладата жртва на вирусот според неофицијални информации немала регистрирани коморбидитети. Била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје поради компликации во бременоста во тешка состојба со позитивен ковид тест. Три дена подоцна на 26ти ноември во критична состојба била префрлена во ГОБ „8ми Септември“. Целото време била поставена на респиратор. Здравствените власти велат дека биле преземени сите мерки на интензивно лекување, но сепак девојката вчера починала.
Оваа 22-годишна скопјанка е шестата трудница почината од Ковид-19 во земјава.