Докторот Кире Доновски од Ресен не го видел своето синче еден месец, а не можел да биде со него ни на неговиот роденден.
Посветениот лекар, кој моментално е распределен да работи во ковид-центар во Скопје, со фотографија на Фејсбук му го честиташе 7-миот роденден на синот Александар. На неа, Доновски држи честитка испечатена на хартија.
Во описот на фотографијата тој напиша:
„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АЛЕКСАНДАР, те сака тато…“.