Руски доктори од регионот на Ставропол направиле лек кој ја сузбива активноста на Ковид 19, а лекот е испитан во институтот „Гамалеј“, соопштува Министерството за здравство во тој регион.
„Група доктори од градската клиника во Пјатигорска направија лек кој ја сузбива вирусната активност на Ковид 19. Токсичноса и антивирусната активноста на лекор веќе е испитана во Центарот за квалитет на имунобиолошки лекови веќе е испитана во Центарот за контролата на квалитет на имунобиолошките лекови во Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, „Гамалеј“ при Министерството за здравство на Русија“, се наведува во соопштението.
Според Министерството за здравство, студиите покажале дека во доза од 1 mg/ml, вирусното оптоварување се намалува за 5,3 до 13 пати во споредба со контролната група на заразени клетки кои не биле под влијание на лекот.
Се истакнува дека методот на третман предложен од руските лекари е познат како „антисенс терапија“ и се заснова на блокирање на РНК-то на вирусот.
Како што се објаснува РНК во човечката ќелија секогаш се состои од еден ланец и за секоја нејзина функција е неопходно таа да остане едноланчана. Поради тоа е наједноставен начин да се наруши нејзината работа со додавање на друг ланец.
„Што се однесува до третманот на ковид 19, лекарите од Пјатигорск го избраа потребниот антисенс синџир за блокирање на РНК вирусот САРС-КоВ-2“, се вели во соопштението на Министерството.
Посочено е дека истражувачката група во моментов преговара со фармацевтски компании и државни фондови за ризични капитал чии активности се поврзани со финансирање на нови руски лекови, така што постои можност да се започне со фазата на претклинички испитувања.
„Студијата на лекари од Пјатигорск влева надеж дека ќе се развие ефикасен лек против ковид 19 “, се заклучува.