ПРВИ ПРОБЛЕМИ СО ВАКЦИНАТА ФАЈЗЕР: Двајца Британци со силни алергиски реакции

by Тони Зографски

Откако од вчера  во Велика Британија започна вакцинацијата со експерименталната вакцина „Фајзер Бионтек“ против Ковид-19, се појавија и првите два случаи со несакани ефекти, а тоа се силни алергиски реакции на вакцината.

Британската агенција за регулирање на лекови и здравствена заштита (МХРА) издаде предупредување за граѓаните кои имаат историја на тешки алергиски реакции да не ја примаат вакцината „Фајзер“ до ново известување.

Имено, двајца британски здравствени работници развиле алергиски реакции откако ја примиле вакцината во вторникот, пренесува „Evening Standard“.

-Како што е вообичаено со новите вакцини, МХРА препорачала, како мерка на претпазливост, луѓето кои имаат значителна историја на алергиски реакции да не ја земаат вакцината. Двајцата пациенти се опоравуваат добро, -изјавил професорот Стивен Пауис од британскиот „NHS“.

Велика Британија започна процес на масовна вакцинација во вторникот, а првите дози се наменети првенствено за здравствени работници, групи со висок ризик и лица постари од 80 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com