Австриската покраина Салцбург има намера да вработи само луѓе кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 во болниците и домовите за стари лица.
„Во нашите болници веќе постои фактичка обврска за вакцинирање, бидејќи статусот на имунизација се проверува пред вработувањето, а вакцини кои недостасуваат мора да бидат примени подоцна“, објаснил секретарот за здравство и потпретседател на провинцијата Салцбург, Кристијан Стекл.
Во изјавата за виенскиот неделник „Профил“, тој додаде дека овој принцип, ќе се применува за време на новото вработување кога ќе се појави вакцината против коронавирус.
Стекл сака задолжителна имунизација против коронавирус не само за болниците и домовите за стари лица, туку и за вработените во градинките и училиштата во Салцбург. Тој нареди проверка на законските можности.
Сепак, не постои можност за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирусот за околу 15.000 лица кои во моментов се активно вработени во болници и во домови за стари лица.