Најмалку едно лице почина, а 227 се хоспитализирани откако се разболеле од неидентификувана болест во индиската јужна држава Андра Прадеш.
Пациентите имале широк спектар на симптоми – од гадење до напади и несвестица, велат лекарите.
Официјалните лица сè уште ја испитуваат причината за болеста што го погоди градот Елуру за време на викендот. Во меѓувреме, Индија продолжува да се бори против пандемијата, како втора земја во светот со најголем број случаи на коронавирус. Андра Прадеш е една од најтешко погодените земји – со повеќе од 800.000 случаи.
Но, се чини дека Ковид-19 не е причина за хоспитализации за време на викендот. Државниот министер за здравство Ала Кали Кришна Сринивас изјавила дека сите пациенти имале негативен тест за коронавирус.
„Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако се пожалија на горење на очите. Некои од нив се онесвестија или доживеаа напади“, изјавил медицински службеник од владината болница Елуру за весникот „Индијан експрес“.
Седумдесет лица се отпуштени од болница, додека други 157 се уште се лекуваат, соопштија официјалните лица.