Легендарниот Џеј Рамадановски почина вчера на 56-годишна возраст, а соседите потресени од тажната вест му оддадоа почит на фолк пејачот на посебен начин.
Имено, пред зградата на Дорќол, каде што живееше Џеј, одекн песната „Недеља“.
Сите ги отворија прозорците и го пееја најголемиот хит на фолкерот, кого го обожаваа сите генерации и без чии песни беше невозможно да се замисли веселба.
Инаку, Џеј Рамадановски починал во станот каде живеел со својата девојка, која ја контактирала брзата помош откако одеднаш му се слошило.