Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус.
Тадиќ ја објавил веста на Твитер и ги повикал сите со кои бил во контакт да ги преземат потребните чекори. Тој исто така повикал на почитување на мерките.
Тадиќ, по професија психолог, за првпат беше избран за претседател на Србија на 27 јуни 2004 година, со четиригодишен мандат, и положи заклетва на 11 јули истата година.
Тој го освои својот втор, петгодишен мандат со победа во вториот круг на претседателските избори, на 3 февруари 2008 година.
Пред да стане претседател на Србија, тој беше министер за телекомуникации на Сојузна Република Југославија и министер за одбрана на Србија и Црна Гора.