Сите и натаму зборуваат за скандалот во Брисел откако бројни европски дипломати, меѓу кои и соработник на Виктор Орбан, биле фатени во геј оргија.
Давид Манжели, во чиј стан наводно забавата била организирана, рекол дека повеќе нема да се огласува бидејќи му се закануваат со смрт.
“На барање на политичарите, кои и претходно доаѓаа на моите забави, а станува збор за политичари од унгарски Фидес и владејачката партија во Полска, кои ми се закануваа со смрт, повеќе нема да се огласувам”, навел Манжели во писмото кое е доставено до унгарскиот таблоид “Бликк”.
Во писмото меѓу другото, тој наведува дека мора да ја почитува приватноста на политичарите од двете земји, бидејќи тие имаат семејства и ги кријат своите сексуални ориентации.
“Посебно затоа што ми се закануваше личност, која доаѓаше на моите забави, а која директно е поврзана со министерот за правда во Полска. Поради тоа повеќе нема да давам изјави за медиумите”, напишал во писмото.
Потсетуваме, Манжели претходно изјавил дека на забавата повикал десетина свои пријатели, на возраст од 20 до 30 годни, кои наводно веќе го преболеле коронавирусот. Рекол дека на забавата биле и медицински сестри кои на влезот на гостите им правеле брз тест на Ковид-19.
Европарламентарецот и пратеник на Фидес, Јозеф Сајер не бил еден од поканетите, туку дошол како придружба на пријател.
“Секогаш канам неколку пријатели кои носат свои пријатели и сите се забавуваме. Малку зборуваме, малку пиеме, како во бар. Единствената разлика е што меѓусебно имаме секс. Не гледам што има лошо во тоа. Сите сме возрасни мажи и се доаѓа со меѓусебно прифаќање”, рекол Манжели.
Манжели за таблоидот “Бликк” ја покажал и собата во која се се одвивало. Ѕидовите се украсени, а на подот има расфрлани душеци.
Извор: Телеграф.рс