Мексиканскиот пејач Џери Демара откако се жалел на болки во задникот примил инјекција со витамини, а два дена подоцна починал…
Ѕвездата на шоуто „Д Војс Мексико“ почина во понеделникот претпладне во 42 година од животот, а медиумите пренесуваат дека умрел поради компликации од ковид 19.
48 часа пред смртта, Латиноамериканецот кој е номиниран за Греми, рекол дека трпи неподосливи болки, откако самиот на себе си ставал инјекции со витамини во задникот.
“Во болница сум, бидејќи имам проблеми со задникот. По грешка три дена си вбризгував витамини во исто место – рекол тој по неговиот прием во болница.
“Завчера ја примив последната доза. Шест часови мојата болка е огроман, на скалата до 10, болеше 12,“ додал тој.
Не е познато кои витамини Демера ги вбризгувал. Тој потоа е примен во болница во Калифорнија поради повраќање и состојбата на делириум во која бил.
За време на снимката која ја снимал во живо на Фејсбук, Демера правел страшни гримаси од болка и тешко дишел, а зборувајќи на шпански се жалел на лекувањето во болницата. За жал два дена после снимање на видеото, починал.