По враќањето од Полска, бројката на заразени играчи во таборот на ракометниот клуб Вардар се зголеми на единаесет. Поради ваквата алармантна состојба, Вардар најверојатно нема да одигра ниту еден меч до крајот на календарската година, а потврда за тоа треба да даде ЕХФ.
Добра вест е што сите ракометари се чувствуваат добро и немаат силни симптоми.
“Сите 11 ракометари се во добра здравствена состојба. Тоа е најважно” – изјави за Спортмедиа, тренерот на Вардар Стефче Алушовски.