Владата на вчерашната седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија по што следуваа низа реакции.
Имено, ваквата одлука од Владата предизвика лавина реакции, а на Твитер се огласи и Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, па постави прашање кого ќе претставува Бучковски.
„Чекајте, не ми е јасно… Профата Бучковски ќе е наш специјален претставник за Бугарија, или бугарски за Македонија?“ напиша Димовски.