Фолк пејачот Халид Бешлиќ ги воодушеви вработените во една пекарница пеејќи го хитот ,,Романија”.
На Фејсбук се појави видео на кое се гледа како пејачот ја вади маската во пекарницата и пее дел од песната. Судејќи според снимката, тој бил расположен, па ги крена рацете додека ја пее познатата песна.
„Кафулињата и концертните сали се затворени, но затоа пекарите се отворени“, се вели со видеото, кое брзо започна да се споделува на социјалните мрежи.
„Да живее Халид“, „Ти си Цар“,„Легенда“, се дел од коментарите.
Видеото може да се види овде