“СЕ ДОГОВОРИВМЕ ДА УМРЕМЕ НА БИНА, НО ТОЈ ПОБРЗА“: Бора Ѓорѓевиќ скршен по смртта на својот басист

by Тони Зографски

-Утрово почина мојот брат Миша, се бореше како лав до последен момент – напиша Бора Ѓорѓевиќ на Фејсбук профилот на “Рибља чорба“ по смртта на неговиот басист Мирослав Миша Алексиќ.

-42 години свиревме заедно и не можам да замислам дека повеќе ќе го нема. Никогаш “попреку“ се немавме погледнато, а камоли да се скараме. Не можам да замислам свирка без него. Бевме договорени да умреме на бина, но тој побрза. Фала ти брате за се – напиша Бора на Фејсбук.

Инаку, 67-годишниот басист на “Рибља чорба“, Миша Алексиќ почина утринава  од коронавирус.  Поради влошената здравствена состојба, Миша пред две недели бил пренесен во болница и приклучен на респиратор.

останати вести