68-годишниот басист на “Рибља чорба“, Миша Алексиќ почина утринава од коронавирус – објави Курир.рс.
Поради влошената здравствена состојба, Миша пред една недела бил пренесен во болница и приклучен на респиратор.
Пред неколку дена неговата ќерка Мина објави статус во кој потврди дека нејзиниот татко се бори за живот.
-Мојот Миша се зарази и трет ден е на респиратор. Секој час е негова борба за живот. Сите кој го сакаат и почитуваат како мајстор на рокот овие денови се со нас во борбата со проклетиот ковид. Пред две недели седевме на ручек и се смеевме околу носењето на маски и планиравме каде ќе се забавуваме. Сега двата родитела ми се во болница. Се молам Миша да испрати најсилна енергија во вселената и што побргу со гитарата да се врати на сцената – напиша Мина.
фото: Курир.рс