Пејачката Маја Оџаклиевска на синоќешното гостување во музичката емисија “Луда ноќ“ на РТС, соопшти дека настапот и бил збогување од сцената.
Имено, Маја по испеаната песна истакна дека е уморна од се и дека нејзиниот настап во емисијата било всушност простување, што ги изненади гледачите, а особено оние која ја сакаат Маја и нејзините песни.
-Овој пат ме потсетивме да ве потсетам дека ова е навистина мое простување од сцената, така да ќе ве замолам повеќе да не настапувам бидејќи сум уморна од се – рекла Маја и додала:
-Ви простувам што ме поканивте, во секој случај, фала и секако, нека ова биде убаво збогување – рекла пејачка додека водителите истакнаа дека се надеваат дека Маја сепак ќе се врати на сцената со нова песна.
Инаку, пред една недела Маја Оџаклиевска за српските медиуми изјави деа ужива во пензионерските денови, иако воопшто не и се лесни затоа што нејзината пензија е мала. Како што истакна, таа целосно му се посвети на својот деветгодишен внук Лука, кој е дете со аутизам.