Иако состојбата со коронавирусот не стивнува, синоќа граѓаните не беа спречени од посета на продавниците во Сити мол, по повод „Блек Фрајдеј” (Црн петок).
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од редици луѓе кои чекаат да влезат и да почнат со шопингот.
По тој повод, преку својот Фејсбук профил се огласи и доктор Нико Беќаровски со предлог Сити Мол да се претвори во Ковид Мол.
“Белград, Загреб и други градови ги преуредија своите спортски Арени во привремени Covid болници.
НИЕ, ајде да бидеме покреативни, да го претвориме City Mall во Covid Mall. Ќе може да се сместат илјадници болни, а меѓу убави излози, некако и полесно се дише“ напиша Беќаровски.