Во шеесеттата година од животот, како последица од ковид 19, почина познатиот охридски доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник Драган Спасески Охридски.
Драган Спасески беше исклучителен професионалец и почитуван во професијата, врвен интелектуалец. Автор е на бројни уметнички дела, кои биле излагани во земјата и странство, како и проза и поезија. Беше голем поддржувач на уметноста и уметниците, широко отворајќи ги вратите за уметничките души на неговата галерија „Резонанца“ каде се реализираа бројни изложби. Автор е и на повеќе уникатни ентериери на хотели и угостителски објекти, кои ги красат негови дела.
Драган Спасески Охридски зад себе остави сопруга и син.