На 87 години, во Домот за стари лица во Загреб, почина легендарниот хрватски глумец Шпиро Губерина.
Губерина најмногу ќе се памти по улогата на Јокан во “Вело мисто“, популарната серија која ја сакаше цела Југославија.
Успешни улоги оствари во делата на Ранко Маринковиќ и Марин Држиќ, а настапа и во телевизиски и радио драми како и во неколку серии.
Шпиро Губерина во 2011 година ја освои награда за животно дело “Владимир Назор“.