Познатиот српски доктор и инфектолог Ана Глигиќ во интервју за емисијата на Васко Ефтов вели дека после 15 декември бројката на заразени ќе почне да паѓа.
-Очекувам дека бројката на заразени ќе расте до 15 декември и потоа ќе почне да паѓа. Исто така очекувам дека во 2021 година вирусот ќе биде поразен и ќе живееме нормално и се надевам дека новата година ќе ја пречакаме понормално и дека ќе може малку да се дружиме.
Докторката истакна дека маските го спречуваат вирусот додека кашламе, зборуваме и пееме и дека тие не треба да се користат повеќе од еднаш, бидејќи вирусот се задржува на нив и при повторната нивна употреба тој може да биде причина на зараза на човекот.
-Кога еднаш ќе ја тргнете, не ја употребувајте повторно маската, но е скапо,- посочи Глигиќ.