Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс предвидува нова пандемија на планетата.
Милијардерот сними разговор со актерот Рашид и главниот инфектолог во САД, Ентони Фаучи, за пандемијата на коронавирус и промените што ќе ги донесе Ковид-19.
За време на разговорот, Џонс го праша Гејтс дали човештвото ќе биде поразено од нова пандемија.
„Да имаме среќа, ако тоа се случи за дваесет години“ – рече Гејтс.
Тој исто така потенцираше дека постои сценарио според кое може да се појави за три години.
Сепак, како што нагласи основачот на „Мајкрософт“, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемија. Според него, дотогаш ќе се појават алгоритми, во согласност со кој ќе се воведе карантин, а системите за тестирање на потенцијалните носители на инфекцијата ќе се подобрат.
„Нема да бидеме толку глупави следниот пат“, заклучи тој.