ШТО СЕ РАЗБИРААТ ФАНОВИТЕ: Познатата пејачка со “тренди“ маска (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката Лана Дел Реј ги шокираше сите, откако во една прилика одлучи наместо класична, да носи маска од мрежа за заштита од коронавирусот.  Бројни негативни коментари ја „скршија“ славната пејачка.

-Најчесто не давам никакви одговори или коментари, но еве ти. Маската е заштитна, одвнатре има проѕирна пластика. Ова е веќе честа појава денес. Среќна сум што имам тим од луѓе кои можат да го сторат тоа за мене – одговори Лана на Твитер, обраќајќи му се на „Michigan Daily“, кој се занимаваше со овој „тренд што пејачката се обиде да го претстави“ во многу детали.

-Овој моден избор на Лана е вистинска шлаканица за сите оние кои се загрозени во ова време на пандемија, за оние кои носат маска без дискусија. Фактот дека е позната не треба да ја лишува од одговорност – беше напишано во написот што ја натера да се огласи.

останати вести