Д-р Ненад Лазаров во изминатите неколку месеци постојан е активен на социјалните мрежи на кои споделува совети и укажува на потребата од почитување на мерките против коронавирусот. Со тоа стекна голема популарност и поддршка кај голем дел од македонската јавност.
Во последниот свој пост д-р Лазаров побара од премиерот Зоран Заев и од министерот Венко Филипче сите доктори да не ги ставаат во ист кош.
„Уште ова сакам за денов да го кажам:
Пренесете му и на Заев и на Филипче,
со секоја наредна омаловажувачка изјава, силно не демотивирате сите оние матични лекари што се убивме од работа!
Механизмите за регулација и санкција се во ваши раце, казнете кој не работи, а не сите во еден кош, ова го злоупотребувате за да префрлате вина, а во меѓувреме, ништо не превземате.
За храброст особено, нема да дозволам ниеден политичар да ми коментира!
И мене не ми е прифатливо да прегледувам секој ден со месеци, и туѓи пациенти, а некој да се крие у бункер, ама не е на мене да сменам нешто.
Животот ни е во функција да помагаме ставен целосно, генерализирање и омаловажување не заслуживме“, напиша на својот Фејсбук профил д.р. Ненад Лазаров.