Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ презентер Александар Мјасников на својот профил на Телеграм.
Како пример, тој ги наведе случаите кога пациентите со симптоми на вирусот земале моќни лекови за разредување на крвта по сопствена иницијатива, по што некои почнале да имаат крварење во мозокот и тешко крварење од гастроинтестиналниот тракт.
Лекарот ги нарече ваквите пациенти „самоубијци“.
Мијасников исто така потсети дека антибиотиците немаат никакво влијание врз вирусот.