Кинескиот вирусолог, Ши Зенгли, кој го откри коронавирусот, предупредува дека пандемијата ќе биде уште полоша. Зенгли е позната научничка која го изолираше генетскиот код на коронавирусот, а е позната како “жената лилјак“, поради тоа што со години ги изучуваше лилјаците.
Пред година дена, таа додека говорела на една конференција, добила барање да се врати во кинескиот град Вухан, затоа што во болницата биле примени два пациенти со необични симптоми и воспалени бели дробови.
Станува збор за првите познати случаи на заболени од ковид 19, вирус кој предизвика пандемија и кој за овие година дена, зарази повеќе од 55 милиони луѓе, а усмрти 1,3 милиони од заболените.
Сепак во јавноста се појавија шпекулации дека, тие можеби и не биле првите случаи на заболени со коронавирус, затоа што, наводно 55 годишен пациент од кинеската провинција Хубеј, бил нултиот пациент, а бил откриен пред точно година дена.
Од првите случаи на коронавирус, до денес се дозна многу за вирусот, неговите симптоми, начинот на пренесување, лечење. Светот е на чекор да ја добие вакцијата која би можела да ја победи пандемијата, но сега Ши предупредува дека ваквата пандемија ќе биде полоша.
За доктор Ши оваа пандемија не е целосно изненадување, затоа што од 2004 година, таа ги изучува лилјаците. Нејзината задача на таа научна експедиција, била да открие дали животните цибетки, кои се слични со мунгосите, се извор на епидемијата на САРС.