Српскиот глумец Вук Костиќ пред неколку месеци прележал корона, и тоа без потешки симптоми, но неодамна повторно заболел. Но, сега има потешки симптоми и неговата здравствена состојба е посериозна.
Актерот оваа информација ја споделил само со најблиските, а во моментов е на домашно лекување и ја прима пропишаната терапија.
“Вук е многу лошо сега. Нема што не го закачи овојпат. Неодамна доби температура, болки во мускулите, во коските, почна да кашла… Не веруваше дека е заразен со корона затоа што ја прележа пред неколку месеци. Со месеци се водат полемики дали некој може двапати да се зарази со корона, па сега врз основа на неговиот пример знаеме дека е можно“, раскажа за медиумите извор близок на актерот и додаде:
“Двете белодробни крила му се воспалени, тешко диши, а неможе и нормално да зборува. Состојбата му е сериозна, но тој е изолиран во својот стан. Докторите му препишаа терапија, која Вук секојдневно ја зема.