Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу соопшти дека бил навредуван од страна на граѓани кои синоќа ја прославувале победата на Македонија против Грузија и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство.
“Возбуден, среќен после победата, зимам камерата, линкот, и на терен за да таа атмосфера ја почувствувате и вие дома преку камерата на мојот медиум… Да уживате и вие што сте во изолација, или па лежите во болнички кревет, борејќи со овој вирус кој што не дозволува ниту една друга позитивна вест да добие внимание.
Мојата среќа, славење завршија за 10 минути! Дојде млад дечко со два тројца другари и почна да вика на цел глас: ЕВЕ ГО ШИТПАРСКИОТ ШПИОН, ГО ПРАТИЛЕ ДА НЕ СНИМА
Гасам камерата, се вратив во канцеларија, изнервиран, разочаран… Зошто мора се да усереме!
Толку разочаран што почнав да ги оправдувам тие граѓани на оваа држава што не сакаат да успееме во било кое поле! Зошто не знаеме ни како да се радуваме на СПОРТСКИ успех?
Но отпосле ми помина нервозата, и си мислам… Па тоа ваквите хулигани го сакаат!
Сакаат да го испрлаат и спортот! Они не сакаат спорт! Они не гледаат, заслепени се од омразата!
Толку заслепени што не можеа да видат што можат да направата заедно на терен Велковски, Муслиу и Елмас!
ОДЕТЕ ВО …. ЈАС ЌЕ УЖИВАМ ВО ОВОЈ ИСТОРИСКИ МОМЕНТ, И ЌЕ СЕ РАДУВАМ И ЗА ПАНДЕВ, И ЗА РИСТЕВСКИ, И ЗА БАРДИ, И ЗА БЕЈТУЛАХИ“ .