Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија е често активен на социјалните мрежи. На неговиот последен пост на Фејсбук тој проговори за новата вакцина и за тоа со каков проблем би можеле да се соочиме ние како држава.
“Голем дел од нашите граѓани со голема надеж ја слушнаа веста дека американскиот фармацевтски гигант Pfizer, е во завршна фаза со тестирањето на својата вакцина за Covid-19, која е со 90% ефикасност.
Прво не се работи за вакцина во класичното значење на зборот, бидејќи воопшто не е во прашање атенуиран или умртвен вирус, какви што се сите класични вакцини. Ова е потполно нов концепт, базиран на mRNA, кој можеби ќе биде “нова револуција” во имунизацијата.
НО, ЕДНО ГОЛЕМО НО, вистинскиот проблем ќе настане во транспортот и складирањето на оваа “вакцина”. Таа мора да биде чувана на најмалку -70°С, односно за нејзиниот транспорт и складирање, ќе се потребни посебни авиони, посебни камиони, посебни складови, посебни контејнери во здравствените домови.
Богатите и организирани држави веќе полека но сигурно се припремаат и организираат, а ….“ напиша д.р. Беќаровски.