Поранешната манекенка Наташа Краун (29), која е родена во Србија и живее подолго време во Гетеборг по секоја цена сака да го има најголемиот задник на светот и веќе достигна обем од 203 сантиметри!
Наташа не избира начини да ја зголеми, сега, гигантската позадина.
Првата пластична операција на задникот ја имала на 20-годишна возраст, потоа направила уште неколку пати зголемување, но тоа не ѝ е доволно, а како што вели, сака уште повеќе
Исто така, таа се фали дека јаде „тон“ пици и паста месечно, како и 6 килограми (?) „Нутела“ со цел да се здебели и да ја зголеми позадината уште повеќе.
-Кога ќе се погледнам во огледало наутро, прво гледам во задникот. Јас дефинитивно сакам уште поголем. Ќе направам се што е потребно за да го имам најголемиот задник на светот, вели Наташа.
Во меѓувреме, Наташа всушност стана зависна од пластична хирургија, ги зголеми градите, усните, ги поправи брадата и јаболчниците…
-Ова е најдоброто чувство на светот. Поради мојот задник, се чувствувам толку секси, објаснува таа.
Иако нејзините слики не се лесни за гледање, таа заработува одлично од огромниот задник. Таа им продава слики и видеа на обожавателите.
-Кршев столови и кревети со задникот, кршев луѓе… Јас секогаш бев поинаква. Подобро е да се живее интересен живот до 50-та година од животот, отколку да се живее до 80-та година со досада, – заклучи Наташа Краун.