Зад вакцината за короната на компаниите Pfizer и BioNTek, која е успешна дури 90. проценти, стои брачната двојка Угур Сахин (55) и Озлем Туречи (53) по потекло од Турција. Тие се на чело на компанијата BioNTech. Двајцата партнери негуваат толку голема љубов кон медицинските истражувања што нивниот свадбен ден го започнале и завршиле во лабораторија. Тие се родители на тинејџерка.
Озлем е германска докторка, имунолог и бизнисменка родена во Истанбул. Таа е ко-основач и директор на компанијата BioNTech, а ја предводи и Асоцијацијата за имунотерапија за рак. Всушност, таа се смета за пионер во имунотерапијата за рак.
Угур потекнува од скромно семејство. Неговите родители се преселиле од Турција во Германија за да работат во Ford. Сепак, тој успеал да изгради компанија вредна 2 милијарди долари. Шахин е имунолог, доктор, професор по онкологија на Универзитетот во Мaјнц и извршен директор и ко-основач на компанијата BioNTech.
Во моментов, Озлем и Угур се вбројуваат меѓу 100-те најбогати Германци. И покрај тоа, тој не се откажува од својата навика да вози велосипед до работното место.
Колегите го опишуваат Шахин како скромен човек, кој на работа пристигнува со кацига и ранец:
„Тој е многу скромен човек. Изгледот му е малку важен. Но, тој се стреми да создаде структура која ќе му овозможи да ги реализира неговите визии и да покаже дека неговите аспирации се далеку од скромни“.
Се почнало во 2001 година кога ја основале „Ганимед фармацеутикалс“ за развој на антитела кои се борат против ракот. Покрај тоа, Сахин кој тогаш предавал на Универзитетот во Мајнц, никогаш не се откажал од академското истражување и подучување.
Добиле средства од споменатата компанија „МИГ АГ“ од Томас и Андреас Струнгман кои во 2005 година го продале генеричкиот лек хексал на „Новартис“.
Тоа е проект вреден 1,4 милијарди долари, а потоа е продаден на јапонската компанија „Астелас“ во 2016 година.
Потоа, тимот зад „Ганимед“ веќе бил зафатен со изградба на фирмата „Бионтех“ основана во 2008 година, за да се занимава со широк спектар на алатки за имунотерапија за ракот.
За инвеститорите, Туреџе и Сахин се „тим од соништата“ затоа што своите визии ги усогласиле со ограниченоста на реалноста.
Приказната на „Бионтех“ се свртеи кога Сахин во јануари наиде на научна работа за појавата на новиот корона вирус во кинескиот град Вухан.
„Бионтех“ набрзо делегира околу 50 работници да работат на вакцина, а како партнери успеаја да ги придобијат „Фајзер“ и кинеската компанија „Фосун“.