Семејството на Неда Украден од Хрватска не ја остава пејачката на раат. Според новиот број на таблоидот Скандал, Неда ги тужела своите роднини затоа што ја исклучиле од наследноството на нејзиниот дедо, па сега и се закануваат и уценуваат. Дури и рекле дека ќе и ја отсече главата.
„ Бидејќи Неда тужеше 26 членови на семејството од Имотски затоа што тие ја отфрлија кога делеа имот што и припаѓа според законот, многумина од нив сега сакаат да и се одмаздат“, велат нејзини блиски . Според нив Неда има доволно затоа што е позната и заработува пари и не им е јасно зошто сега го бара тој дел од имотот. „ Преку роднини и порачуваат да се чува и дека ќе ја отсчеат главата ако не ја повлече тужбата. Тие дури рекоа дека сите ќе станат и ќе дојдат на нејзиното место во Белград за да и покажат како изгледа кога е киднапирана. Од друга страна, Неда верува дека има право на својот дел и нема намера да се откаже, па го даде случајот на адвокатот за да се справи со тоа бидејќи, како што рече, законот е на нејзина страна и таа нема да се откаже од наследството“,вели нејзин близок за српските медиуми.
Според хрватските медиуми, пак, Неда Украден ја тужела Република Хрватска, градот Имотски, како и бројни членови на нејзиното потесно и подалечно семејство, вкупно 26 од семејствата Украден, Кадијевиќ, Милош и Путица, со цел да ги регистрира своите потекла во Главина Доња, населба како дел од Имотски.