132 соби, 35 бањи, 6 нивоа, 412 врати, 28 камини, 7 скали, 3 лифтови, 5 готвачи, неколку градини, тениски и кошаркарски терени, кино, патека за трчање… Сето тоа постои во Белата куќа. Но, какви уште тајни крие таа? Откријте ги слабо познатите занимливости за најпознатата американска куќа.
Има двојник
Наводно ирскиот архитект Џејмс Хобан плановите за Белата куќа ги направил по пример на куќа во Даблин која денес е седиште на ирскиот парламент.
Џорџ Вашингтон никогаш не живеел во Белата куќа
Првиот американски претседател никогаш не живеел во претседателската резиденција, а нејзин прв станар бил неговиот наследник Џон Адамс, кој се вселил во 1800 година. Иако Вашингтон ја одбрал локацијата, како и архитектот, изградбата на куќата почнала во 1791 година и траела осум години. Изградбата чинела 232.000 долари, што во денешно време би изнесувало околу четири милиони.
На првата филмска проекција во Белата куќа бил прикажан филмот „Раѓањето на една нација“
Почетокот на филмската вечер во Белата куќа било пред 101 година, кога Вудро Вилсон одлучил да биде домаќин на проекцијата на филмот „Раѓањето на една нација“ на режисерот Д. В. Грифит, историска драма која зборува за подемот на Кју Клукс Клан во САД, а веќе тогаш предизвикал многу критики поради оправдувањето на расната сегрегација. На првата проекција гостувале самиот режисер и Томас Диксон, автор на романот според кој е снимен филмот. Најмногу филмови гледал Џими Картер, дури 480.
Белата куќа не го носела од секогаш тоа име
Теодор Рузвелт го дал денешното име. Пред тоа се користеле имињата Претседателска куќа, Претседателски дворец и слично.
Пресвртна година за куќата е 1933 година
Рузвелт вградил рампи и лифт, за да ја направи подостапна за инвалиди. Дозволил да се направи и базен, кој Никсон го прекрил и го пренаменил во сала за новинари.
Некои велат дека е проколната
Многу гости, но и станари, тврдат дека духот на покојниот Абрахам Линколн се’ уште талка по собите на Белата куќа. Најпозната е приказната на Винстон Черчил, кој тврдел дека го видел духот на Линколн покрај каминот. Черчил никогаш повеќе не стапнал во спалната на Линколн.
Под Белата куќа, во подрумот, постои цел град
Никсон изградил простор за куглање, а постои и цвеќар, слаткарница за производство на чоколади, дури и забар.
Том Хенкс на Белата куќа ѝ подарил два апарати за кафе
Познатиот глумец, при својата посета на Белата куќа, забележал дека во неа не постои апарат за кафе, па одлучил сам да го купи. Некоја година подоцна, кога повторно ја посетил Белата куќа, донел нов модел.
Порано можело без проблем да се влезе во Белата куќа
Прославата за инаугурацијата на Ендру Џексон во 1829 година привлекла народ, па персоналот морал гостите да ги измами надвор, така што пред куќата делеле пунч со виски.