Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 392
-Куманово 51
-Дебар 6
-Штип 18
-Прилеп 29
-Тетово 95
-Струга 10
-Велес 48
-Битола 36
-Охрид 31
-Кавадарци 22
-Гостивар 49
-Гевгелија 14
-Струмица 21
-Крива Паланка 8
-Радовиш 6
-Крушево 2
-Кочани 32
-Пробиштип 8
-Демир Хисар 6
-Македонски Брод 1
-Пехчево 1
-Берово 9
-Валандово 3
-Виница 12
-Делчево 12
-Кратово 6
-Свети Николе 8
-Кичево 20
-Ресен 8
-Неготино 14
Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од:
-Скопје 9
-Куманово 2
-Штип 5
-Битола 4
-Кавадарци 1
-Виница 1
-Ресен 2
Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.