По заминувањето од Канал 5, водителот Ване Маркоски си најде нова работа. На својот Фејсбук профил тој го објави својот нов професионален ангажман. Тоа е Македонската радио телевизија, односно ќе биде дел од утринската програма.
„Од понеделник … за нови дружби, креирање и љубов
Се гледаме на МТВ 1“, напиша Ване Маркоски на својот профил на социјалните мрежи.
Претходно Ване на својот Фејсбук профил напиша:
“Поминавме одлични 5 години взаемна соработка, почит и разбирање. Дојде време за промена, а кога душата е „пуштена на најјако“ најлошо е да и противречиш, па затоа превземав чекор со кој ни се разделија патиштата. Благодарам на Канал 5 за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец.
Поради сплет на околности, сега за сега останувам без ТВ ангажман, но среќата во душава ми кажува дека го направив чекорот кој ќе ми донесе нова димензија во животот и многу убави моменти, “.