Аспиринот ќе се тестира како лек против ковид-19

by Тони Зографски

Аспиринот, широко распространет лек кој се користи и како лек за спречување тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек за третман на пациенти со Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.

Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од формирање тромбози, односно згрутчување на крвта поради хиперреактивни тромбоцити.

Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта, објавено е на веб-страницата www.recoverytrial.net

„Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, евтин и широко достапен“, вели Питер Хорби, коавтор на студијата.

останати вести