Британците синоќа ги преплавија улиците за да испијат уште една кригла пред новиот карантин, кој стапува на сила денес. Тие синоќа беа сликани во преполни барови, како седат рамо до рамо. Ретко кој носеше маска. На излегувањето му претходеше уште едно панично купување. Хаотични сцени, кои не се видени од април, денес се забележани во супермаркетите – луѓе кои се борат околу предмети и празни полици.
Кафулињата и рестораните ќе можат да нудат само храна и пијалоци за носење, сите несуштински продавници ќе бидат затворени, а луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови од многу ограничен број причини, вклучително и физичка активност.
За разлика од претходниот карантин, училиштата, универзитетите, градилиштата и производството ќе продолжат да работат.
Инаку, британскиот премиер Борис Џонсон во саботата објави дека во Англија ќе се воведе едномесечен карантин, по предупредувањето дека новиот бран на епидемија на коронавирус може да ги преоптовари болници за неколку недели доколку не се спроведе воведување на остри мерки.
Џонсон рече дека новите мерки ќе стапат на сила во четврток на 5 октомври и ќе траат до 2 декември. Според него, без мерки, „бројот на смртни случаи може да изнесува неколку илјади секој ден“.